
Конгресните избори, референдум за Трамп
За два дена, Американците ќе треба да кажат што навистина мислат за политиката на нивниот претседател Доналд Трамп. На средина од неговиот мандат, изборите за Конгресот се еден вид референдум за Трамп. Исплашен дека ќе го загуби мнозиинството, тој и самиот се вклучи во жестока кампања и широко ја прегрна идејата дека гласачите всушност ќе се изјаснуваат за него. „Преправајте се како да сум јас на гласачкото ливче“ е самоуверениот и чест рефрен кој се слуша во кампањата низ целата земја. Но, на споротивната страна е поранешниот претседател, демократот Барак Обама.
Според најновите анкети, големи се шансите Републиканците да го загубат мнозинството на сметка на демократите, а оние кои ќе ја направат големата промена се младите гласачи. Според анкетата на универзитетот Харвард, 40% од Американците на возраст од 18 до 29 години ќе излезат на гласање во вторник, процент кој е највисок во изминативе 30 години. 66% од нив ќе ја заземат либералната страна, а тоа е двојно повеќе од оние кои ги поддржуваат републикаците. Според испитувањата, Американците многу повеќе се загрижени за животните прашања.
- Животната средина најмногу. На мајка ми отсекогаш и значело тоа и доста слушав. Тоа дефинитивно е најголемо прашање, вели Дон Клери, студент на Њујоршки Универзитет.
- Со новата администрација, климатските промени се игнорираат, но за мене се најважни бидејќи живееме на земјата, и ако не се грижиме за земјата и станеме свесни за планетата, тогаш тоа е наш неуспех, смета Ема Инделикато, студент.
Правата на жените, е тема која исто така ги погаѓа младите. За најавениот пресврт во конгресот, најмногу се плашат русите. Тогаш, нивната радост нема да биде еднаква како пред две години кога победи Трамп.
- Ако демократите го добијат мнозинството, тоа ќе значи голем проблем за Русија бидејќи тие се построги кон Русија, во споредба со Републиканците – тие се понеуморни, зашто тешко дека ќе направат компромис со Кремељ, според нивната реторика. Тоа би значело пролонгирање на санкциите што би ја погодило руската економија на долг рок, анализира Павел Кошкин од Американско-канадски институт при Руската Академија на Науки.
Во американската историја, речиси е правило, партијата зад која стои претседателот, да биде поразена на конгресните избори. Обично, тоа е протест против политиката на актуелниот шеф на државата. Иако, овие избори можат драстично да го променат политичкиот изглед во земјата, тие не се секогаш и добар показател дека претседателот нема повторно да биде избран. Тоа најдобро го знаат и Реган и Клинтон и Обама, кои иако го загубија пртесдавничкиот дом, сепак освоија уште еден мандат.
Алиса Шутиноска