
Колегите на словачкиот новинар убедени дека зад убиството стои калабриската мафија
Младиот словачки новинар, Јан Куцијак, е убиен од озогласената калабриска мафија, „Ла Ндрангета“. Немаат сомнежи колегите на Јан во редакцијата на порталот Актуалити, каде работеше младиот исражувачки новинар.
Сметаат дека за да се разбере што точно стои зад убиството треба да се повлече една линија со Италија, поточно со калабриските мафијашки кланови. Не случајно на насловната на порталот стои слика од операција на италијанскита карабињери во акција против „Ла Ндрангета“.
„Ла Ндрангета“, калабриската мафија, најмистериозната криминална организација на светот за која се смета дека ја контролира целата трговија на коаин во САД и Европа, и која беше меѓу првите мафии во годинита на падот на Берлинскиот ѕид, да инвестира во земјите од поранешната „железна завеса“.
И шефот на словачката полиција веќе потврди дека Јан е убиен заради неговата работа.
„Го осудувам овој настан. Иако нашата држава се соочува со сериозен криминал, каде Словачка е погодена од случај каде новинар е жртва на криминал веровајтно поврзан со неговите исражувачки активности“, кажа Тибор Гашпар.
Колегите на Јан не можат да говорат со сигурност, но се обидуваат да го реконструираат мозаикот околу случаите со кои се бавел. Јан открил дека луѓе во дојдени од Калабрија, со години во Словачка, раководеле со европските фондови заедно со личности блиски до кабинетот на премиерот Фицо. Собирал податоци и информации. Постоеле врски и непобитни факти. Стигнал до крајот на своето истражување, бил готов да го објави. Но, пред тоа е убиен, Јан со куршум во главата, неговата девојка во главата.
Жителите на градчето Велики Мац се во шок.
„Неверојатно е. Тие беа многу добри луѓе. Тие заедно си ја купија куќата и си ја средија“.
„Изненадена сум од тоа што се случи. Ова не е нормално, ова е страшно“.
„Дознав вчера вечерта. Воопшто не спиевме. Многу ми е жал. Планираа да се земат на 5 мај“.
Куцијак во Актуалити работел 3 години. Брзо станал едно од нивните главни пера. Од сам старт се бави со истражување на структурните фондови на ЕУ, кои се влеваат во Словачка, и со кои не се раководи на транспарентен начин. Работел и на Панама пејперс, од кои хартии се стигна до реконструкцијата на сопствениците на преку 200 илјади офшор фирми.
Јан Куцијак спровел и неколку тешки истраги околу премиерот Роберт Фицо, и особено околу двајца негови министри, оној за внатрешни работи, Роберт Калинак, и тој за финансии, Јан Початек. Но негова последна цел и интерес ќе стане еден бизнисмен, по име Мариан Коцнер, кого го обвинуваше за затајување на данок и нетранспаретно раководење со европските фондови. Токму во последните денови Јан ќе напише остар статус против Коцнер на Фејсбук обвинувајќи го дека од него добивал закани. Бизнисменот вчера се бранеше дека обвнивањата биле апсурдни.
Сега владата на Фицо, нуди награда од милион евра за пронаоѓање на убијците на Јан.
Игра на случајот, но истата сум ја понуди и малтешката влада после убиството на нивната истражувачка новинарка Дафне Каруана Галиција. И во тој случај се говореше за врски и модалитети на убиство, својствени на италијанската мафија.
Сега Европа на својата совест носи двајца новинари, убиени, со цел да не можат повеќе да раскажуваат.
Ивор Мицковски