Кинескиот парламент го усвои спорниот закон за Хонг Конг

Полиција го чуваше законодавниот совет на Хонг Конг, додека делегатите во Националниот народен конгрес на Кина дигнаа рака и го изгласаа спорниот Законот за национална безбедност, според кој поткопувањето на авторитетот на Пекинг во полуавтономната територија Хонг Хонг е злосторство. За предлог законот гласаа 2.878 пратеници, еден се изјасни „против“, а шестмина се воздржаа од гласање.

Со предлог законот се криминлизира сецесијата, субверзијата, тероризмот и странското мешање во Хонг Конг. Исто така, Пекинг ќе има свои агенции за спроведување на законот во Хонг Конг, покрај градските агенции. Според процедурите предлог-законот ќе биде испратен на одобрување до постојаниот комитет на комунистичката партија на Кина.

Ние навистина веруваме дека оваа одлука која ја донесе Националниот народен конгрес нема да им наштети на правата и слободите кои ги уживаат жителите на Хонг Конг, би можела да ги реши проблемите со насилствата и нередите. Таа им овозможува на граѓаните враќање во мирен и стабилен живот. Таа исто така може да ги заштити нивните права и слободи, да му обезбеди просперитет на Хонг Конг и непречена долгорочна успешна пракса на политиката „Една земја, два системи“, вели Мартин Лиао, про-Пекинг советник.

Во истовреме во Хонг Конг продолжуваат повеќе дневните протести, полицијата со солзавец ги растеруваше демонстрантите и уапси 360 луѓе.

Јапонското Министерство за надворешни работи изрази „сериозно загрижена“ поради одлуката на кинескиот Парламент, истакнувајќи ги блиските односи помеѓу двете страни и меѓусебната размена на луѓе.

Спротивно на ова американскиот државен секретар Мајк Помпео пред Конгресот изјави дека изјави дека предлог законот за безбедност е „последен во низата акции“ со што се поткопува слободата на Хонг Конг. На што возврати продемократскиот активист Џошуа Вонг

Ако Пекинг не одлучеше да го наметне законот за национална безбедност во Хонг КОнг и да не го претвореше Хонк Конг во ноќна мора, не веруваме дека Вашингтон изненадно одлучи да објави одлука за наметнување на таков ангажман во Хонг Конг, па мислам дека сега е време да продолжиме со меѓународно залагање и барање на двострана поддршка, рече Џошуа Вонг, продемократскиот активист.

Законодавниот совет на Хонг Конг ги чува полиција додека дебатираат за предлог-законот, со кој се криминализира непочитувањето на кинеската државна химна. Демонстрантите бараат независност од Кина со образложение дека „тоа сега е единствен излез“.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ