Кина ги обвини САД за предизвикување „паника“ за коронавирусот

Кинеските власти ги обвинија САД за предизвикување паника, во нивниот одговор за справување со смртоносниот коронавирус. Ова следува, откако Америка прогласи вонредна состојба за јавното здравје и забрани влез за странци кои престојувале во Кина во изминатите две недели. Американците кои биле во Кина, а посебно во провинцијата Хубеи, се стават во карантин.

Во меѓувреме, бројот на заболени во Кина достигна 17.000, а од последиците на вирусот починаа 361 човек. Надвор од Кина потврдени се 150 забочени од вирусот, и една жртва на Филипините.

Најновата студија на кинеските научници е дека најверојатно коронавирусот, кој предизвикува тешка пневмонија, ја пренесеуваат лилјаците.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ