Ким го нема но, лоциран е неговиот воз

Ким Јонг Ун бил подложен на кардиоваскуларна операција и после зафатот се наоѓа во „вегетативна состојба“, ова е само една од бројните шпекилации кои се појавија околу здравствената состојба на северно корејскиот лидер, но веста нема никаква потврда. Хонгконшки медиуми отидоа најдалеку и објавија дека тој е починат. Непотврдени информации во Пекинг, пак велат дека операцијата за поставување стент била неуспешна затоа што рацете на хирургот се треселе „ужасно силно“.

По неговото долго отсуство од јавноста денеска се објавени сателитски снимки од неговиот воз кој стои паркиран на источниот брег на земјата уште од минатата недела.

Но снимките кои ги објави Норт 38, студентска веб страница во Северна Кореја, не кажуваат ништо за неговите здравствени проблеми и се само одзив на разузнавачки извештаи на владата на Јужна Кореја дека Ким се наоѓа надвор од главниот град, Пјонгјанг.

Сеул исто така поваќе пати наговести дека немало необични значи кои укажуваат на тоа дека Ким има здравствени проблеми.

Но тоа не придонесе да не расте бројот на медиумски извештаи и да се објавуваат непотрвдени податоци. Се започна на 15 април кога Ким не се појави на одбекежувањето на 108. роденден на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.

Здравјето на Ким е од пресудно значење поради големата загриженост кај милиони севернокорејци кои со божествена страст го обожаваат. Дали станува збор за сериозна болест или смрт, тоа може да предизвика нестабилност во осиромашената, но нуклеарно наоружана земја.

Бројни се експертите од Јужна Кореја кои се обидоа да ги негираат шпекулациите за сериозната болест на 36-годишниот Ким. Трвдат дека Северна Кореја нема да се соочи со сериозни немири дури и ако Ким биде неспособен или мртов, бидејќи некој друг ќе го пополни неговото место. Тука е неговата истакната сестра Ким Ио Јонг која во последните две години го придружуваше на патувањата и на собирите. Таа брзо ќе фати чекор, но долгорочната политика на северот засега е нејасна. Жителите на Јужна Кореја загрижени за националната безбедност.

-Се уште треба да почекаме да повеќе имформации, но како граѓанин, кој живее во поделена земја, загрижен сум за националната безбедност на земјата, Џои Јо Пиоунг, жител на Јужна Кореја.

Последната податок кој го лоцира Ким е паркираниот воз на железничката станица на Вонсан од 21 април, што не кажува ништо за неговото здрваје но ги потврдува шпекулациите дека Ким престојува во ова елитно одморачиште на источниот брег на земјата.

Неизвесноста ќе потрае за целокупната светска јавност, бидејќи Северна Кореја е земја каде се врши строга контрола на информациите кои се однесуваат на  нивниот лидер, па оттука и фактот дека е невозможно да се дознае што навистина се случува со Ким.

Единствено државниот весник „Родонг шинмун“ објави текст за негово писмо во кое им изразува благодарност на градежните работници кои се ангажирани на модернизација на градот Самјијон, односно родниот град на неговиот татко Ким Џонг Ил кој владееше со земјата.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ