
Ким Џонг-ун го покани јужнокорејскиот претседател да ја посети Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го покани јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во посета на Пјонгјанг, се наведува во писмото испратено од Ким, а кое неговата сестра, му го го предала на шефот на јужнокорејската држава. Таа е дел од севернокорејската делегација која присуствува на Зимските олимписки игри, кои се одржуваат во Пјонгчанг, во Јужна Кореја.
Според јужнокорејските медиуми, Ким Џонг-ун бара што е можно побрзо да оствари средбата. Мун одговорил дека наскоро ќе го посети неговиот сосед, и нагласил дека Северна и Јужна Кореја треба да продолжат да работат на создавање услови за остварување на таква средба. Претседателот на Јужна Кореја го повика Пјонгјанг да започне дијалог со САД. Евентуална посета на Мун на Северна Кореја ќе претставува прва средба меѓу лидерите на двете Кореи од 2007 година.