Каталонските сепаратисти осудени на високи затворски казни

Шпанскиот Врховен суд осуди девет каталонски сепаратисти на казна од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување независност во 2017 година.

Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни, пренесоа британските медиуми.

Медиумите во земјата наведуваат дека се очекуваше дека обвинувањата за бунт, за кои се изрекува 25-годишна затворска казна, во меѓувреме ќе бидат преформулирани во поблаги обвинувања.

За време на судењето каталонските лидери се изјаснија дека не се чуствуваат виновни и дека им се суди од политички причини.

Сепаратистичките партии ги повикаа жителите на Каталонија на граѓанска непослушност доколку нивните лидери не се ослободат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ