
Карванот мигранти закана за САД
Петнаесет дена одење пеш… По третата лента на автопатот во Мексико се движи мигратскиот караван. Детските колички се единственото нешто кое се тркала, другите се изнемоштени, нозете попуштаат, они кои не успеале да најдат привремен превоз, легнуваат на патот за трошка сон. Велат дека нивниот сон не е голем дека трагаат по малку сигурност.
- Мојот сон не е огромен, огромен. Го молам Бог да ми помогне да одам таму со моето семејство и со сите други овде. Не знам соништата на другите, но мојот е да работиме напорно, само четири или пет години, да си купам мал дел, бидејќи немам многу, немам куќа, јас изнајмував порано. Ќе купам мал дел, ќе градам куќа и ќе основам мал бизнис за да имам работа, но не во мојата земја. Тоа ќе биде на друго место, раскажува Џоел Едуардо Еспинал, од Хондурас.
Нечие бебе е со температура, мајката е загрижена но мора да се движи кон мексиканско – американската граница. Сведочат за починатите пријатели кои ги прободеле припадници на нарко картелите во Хондурас, за честите грабежи и безизлезот. Јамилет Хернандес вели заминала без збогум.
- Само им кажав збогум на моите ќерки. Јас не се збогував со семејството, само со моите ќерки. Им реков дека ќе се обидам. Одам да се обидам и и да видам, бидејќи тоа е она што Бог го вели: ако направиш обид и јас ќе ти помогнам, вели Јамилет Хернандес, мигрант од Хондурас.
Караванот си оди, а политичарите меѓу своите родови ги бараат виновниците. Американскит потпретседател Мајк Пенс ја обвини Венецуела дека учествувала во финансирање на „караванот мигранти“. Пренесувајќи ја изјавата на претседателот на Хондурас обвинува – парите доаѓаат од левите фракции во Хондурас, вели тој, и делумно од Венецуела. А целта на карванот според Пенс, не е потрага по подобар живот туку кршење на законите на САД преку илеголно влегување на нивна територија. На браникот застана толку претседателот Трамп кој рече дека нема да го дозволи тоа и испраќа 15.000 американски војници за поддршка на пограничните и царински служби на границата со Мексико.
Билјана Ставрова