Капсулата „Кру Драгон“ ќе носи луѓе во вселената

Капсулата „Кру Драгон“, што е прво летало на „Спејс-екс“ дизајнирано да превезува луѓе во вселената, вчера беше успешно лансирана. Капсулата во следните 24 часа би требало да се спои со Меѓународната вселенска станица.

Во капсулата се наоѓа куклата Рипли и една плишана играчка наречена Земја кои ќе послужат за тестирање на влијанието на гравитацијата, а превезува 200 килограми опрема за Меѓународната вселенска станица. Каспулата беше лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида.

Успешното лансирање го става „Спејс-екс“ еден чекор поблиску до историски настан – „Кру Драгон“ би можело да биде прво комерцијално изградено вселенско летало кое ќе ги носи астронаутите на НАСА во орбитата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ