Јужна Кореја: Во пожар во болница 41 лице загина, а околу 80 се повредени

Се зголемува бројот на жртвите од пожарот во болница во градот Мирјан во Јужна Кореја. Според најновите податоци загинале 41, а повредените се речиси 80.

Пожарот избувнал во сала за итни случаи на првиот кат од главната зграда на болницата. Околу 200 луѓе беа во петкатната зграда кога огнот се разгоре. Педесет и двајца пациенти биле префрлени во четири соседни болници. Околу 90 лица од дом за згрижување страри лица  во зградата на болницата беа евакуирани.

Причините за пожар се непознати. Трагедијата се случи еден месец по пожарот во Фитнес клуб во Чечхон, каде што загинаа 29 лица

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ