Јужна и Северна Кореја потпишаа договор за денуклеаризација

Скок напред кон целосен мир на корејскиот полуостров. На самитот во Пјонгјанг лидерите на Јужна и на Северна Кореја потпишаа договор за денуклеаризација. Но прашање е дали договореното ќе биде спроведено.  Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун вети дека ќе го затвори својот нуклеарен реактор во Јонбон и ќе го демонтира нуклеарниот полигон Точханри. Југот и Северот се согласија да ја претворат демилитаризираната зона на нивната граница во зона на мир и просперитет, рече јужнокорејскиот претседател.

Мун соопшти дека двете Кореи се согласиле да ги елиминираат сите опасности што можат да предизвикаат војна на полуостровот. На надворешните нуклеарни инспектори треба да им биде дозволено да влезат во земјата. Меѓутоа, предуслов е САД, за возврат, исто така, да бидат подготвени на отстапки. Ким рече дека се надева дека “ќе го посети Сеул во блиска иднина” – тој ќе биде првиот лидер на Северна Кореја што ќе го стори тоа. Двете држави, исто така, сакаат заеднички да аплицираат за домаќини на Олимписките игри во 2032 година.

  • Се уште има доста време до тогаш (Летни олимписки игри 2032), јас не знам што ќе се случи во меѓувреме. Но ако продолжи ова добро расположение ќе имаме прилика да работиме заедно, тоа ќе биде добро за Олимсписките игри да ги одржиме заедно, смета Шим Хиун, студентка
  • Па тоа не енекоја голема работа. Дали ќе се случи или не, мораме најпрво да се погрижиме за прашањата како што се нуклеарната програма, мировниот договор и економската ситуација во Северна Кореја, re;e Ц.С. Ли, пензионер.

Фактите за Северна Кореја говорат дека секој петти жител е во војска, секоја година во Пјонгјанг се одржуваат воени паради во чест на семејството Ким. И покрај острите санкции од САД, Северна Кореја продолжи со нуклеарите проби, само во 2016 изврши пет нуклеарни проби.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ