Јункер: Во Ирска ќе има гранични контроли во случај на Брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Велика Британија ќе мора да воспостави гранична контрола со Ирска, ако ја напушти ЕУ без договор.  Јункер во интервју за Скај њуз изјави дека ЕУ мора да „обезбеди зачувување на интересите на Европската унија и внатрешниот пазар“. Додава дека веќе потпишаниот договор за повлекување не може повтроно да биде отворен за нови преговори. Овој договор, кој го го прифати поранешната премиерка Тереза Меј, три пати беше одбиван од британскиот парламент, најмногу поради тоа што немаше одредено остра граница со Ирска. Но, Јункер вели дека барањето на ЕУ за бекстопот можат да бидат повлечени, само ако се предложат нови начини кои би имале иста цел.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ