
Јапонски новинар ослободен по три години заробеништво
Јапонски новинар беше ослободен по три години заробеништво во Сирија. Џампеи Јасуда, пристигна рано утринава во Турција, откако беше ослободен со помош на турските воени единици активни во Сирија.
Беше пекол, не само физички туку и ментално, затоа што и сега мислев дека нема да ме пуштат да си одам дома, вели ослободениот Јасуда.
За 40 месеци поминати во заробеништво, Јошуда бил држан во мала ќелија, тепан и мачен и како што поминувало времето имал се поголеми протешкотии да го зачува здравиот разум.
Повторно и повторно ми кажуваа дека ќе ме ослободат, но по секое одложување ми даваа некакви изговори. Затоа се сомневав дека некогаш ќе ме ослободат, опишува Јасуда.
Јашуда, кој работел во повеќе конфликтни зони за јапонските медиуми, беше киднапиран во јуни 2015 година од припадници на Ал Нусра фронтот, афилијат на Ал Каеда во Сирија. Не е познато дали постојано бил во нивно заробеништво, но последно бил држен од припадници на Туркистанската исламистичка партија составена претежно од кинески џихадисти, од каде и беше ослободен.
Игор Трајков