
Јапонија: Од 20.000 молби за азил, одобрени само 20
Во текот на 2017 година, бројот на барањата за азил во Јапонија се зголеми за 80 отсто, достигна рекордни 19.628 барања, но одобрени се само 20.
Бројот на лицата кои бараат бегалски статус во земјата се зголеми во последните години, бидејќи системот овозможуваше кандидатите со валидна виза да работат додека се разгледува нивното барање за азил.
Кон средината на минатиот месец, јапонската Влада го ограничи правото на работа на луѓето кои властите ги третираат како бегалци. Како резултат на таа мерка, бројот на баратели на азил е намален за 50 проценти во јануари во однос на декември.
Една четвртина од барателите на азил во 2017 година се од Филипини, по што следуваат државјани на Виетнам и Шри Ланка.