Јањиќ: Опозицијата во Србија не е добро организирана

„Опозицијата се уште нема капацитет да дава ултиматуми не е добро организирана“, вели во интервју за Телма Драган Јањиќ, главен и одговорен уредник на агенцијата Бета, со кого разговараше специјалниот репортер на Телма од Белград, Огнен Чанчаревиќ.

Јањиќ: Ние во овој момент како општество поминуваме низ една фаза во која растат антагонизмите меѓу различните општествени слоеви, меѓу разни групи, меѓу власта и опозицијата. Тоа не е добро и мислам дека најголемата одговрност ја сноси власта која тоа го поттикнува од свои интереси и причини секако. Јас би сакал да се спупшти топката и да започне некој дијалог во Србија, кој сега не се одвива, бидејќи ние имаме само кампањи едни против други. Мислам дека тоа е најголемиот проблем на Србија секак таа има и други проблеми како Косово, но сметам дека овие домострации кои се случуваат веќе три месеци и најновите во врска со телевизијата и претседателството се поврзани со тој набој на антагонизам внатре во општеството и дека се израз на тој антагонизам и дека покажуваат дека ситуацијата може да стане многу опасна.

Телма: Ситуацијата еспалираше за време на викендот но денеска и двете страни и опозицијата и Вуќич реерираат. Опозицијата постави ултиматум?

Јањиќ: Опозицијата се уште нема капацитет да дава ултиматуми не е добро организирана, дури сега се обидува да се организира да соодветен начин. Но потои отпор генерално во општеството. Ние денеска имамвме протест на гимназијалците поради апсењето не еден нивни другар, ученик во четврта година за време на демонстрациите во РТС и сметам дека и тоа влијае на одлуката на власта да ја спуштат топката. После тоа опозицијата секако нема да инсистира да демонстрации кај полицијата и нема да ги подигнува тензиите околу тоа. Но, јас не верувам дека протестот ќе запре. Протестите просто не се генерирани само од опозицијата. Протестите се генерирани со фактот дека ние имаме… тие се всушност побуна на средно образованиот слој кој е се понезадоволен од фактот што ние остануваме без правна држава дека се губат прорагативите на правната држава дека во се поголема мерка стануваме партиска држава. Во таа смисла правната и секоја друга сигурност на граѓаните станува врзана за нивната партиска определба, а се помалку за законите и државата. Тоа е еден генерален тренд кој делува загружувачки посебна на образованиот слој. Сметам дека е точна констатацијата дека демонтрантите на улица ја повикуваат власта со своите изјави, а опозицијата се уште не е доволно организирана за тоа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ