
Извлекувањето на тајландските момчиња се уште невозможно
По 11 дена заробени во пештера, на последното видео се гледа дека младите тајлански фудбалери се добро. Слаби, изменоштени, децата на возраст од 11 до 16 години завиткани во фолии, велат дека се чуствуваат добро.
Нуркачите од кралската тајландска морнарица кои стигнаа до децата им ги лекуваат малите повреди на нозете. Тие стигнаа до нив пред два дена но сега подземјите води не им дозволуваат да ги извлечат од пештерскиот комплекс там Лаунг на север на Тајланд, кој е долг 10 километри.
Гувернерот на покраината Чаинг Рај вели дека децата имаат храна и лекови, се уште нема телефонска линија. Извлекувањето може да започне кога ќе завршат подготовките за нуркање. Ситуацијата е опасна поради надојдената вода. Досега се испумпани 120 милиони литри вода и спасувачите се подготвени за брза интервенција доколку нивото на водата почне да опаѓа.
-Некои од момчињата се обидоа со маски за дишење, но се уште не влегле во вода. Како што веќе реков, водостојот е доста силен и ќе биде ризично сега да влезат во водата. За тие кои не се нуркачи тепко да стават и маска. Затоа најпрво им дозволивме да вежбаат со маските за дишење. Ако прашувате колку пати тие нуркале, не можам да ви кажам, бидејќи тоа се нема случено, вели гувернерот Наронгсак Осатанакорн.
Британецот Бен Рејменантс кој им помага на тајланските спасувачки екипи рече дека децата најверојатно влегле во пештерскиот комплекс за да извршат обред популарен меѓу момчињата и да ги стават свои потписи на ѕидовите но дека потоа водата ги заробила. За време на сезоната на дождови пештерскиот комплекс Там Лаунг е забранет за посета. Спасувачите сега се обидуваат да ги извлечат децата од пештерата во која се засолниле, еден километар под земјината површина, а на четири километри од влезот во пештерскиот комплекс.