Израелската полиција побара премиерот Нетанјаху да биде обвинет за корупција

Откако израелската полиција побара од обвинителството, премиерот Бенјамин Нетанјаху да биде обвинет за корупција, тој самиот се огласи во телевизиско обраќање. Рече дека препораките на полицијата „нема да резултираат со ништо”. Нетанјаху ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци, вклучувајќи шампањ и скапи пури, од холивудскиот милијардер Арнон Милчан во замена за давање услуги. Изјави дека неговата долга политичка кариера е „исклучиво за доброто на земјата”. И ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки” против него и најави дека ќе остане на функцијата и ќе се натпреварува за реизбор. Државниот обвинител допрва треба да одлучи дали да подигне обвиненија. Освен за корупција, Нетанјаху исто така, е осомничен дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ