Израел продолжува со жестоките напади

Насилствата во Блискиот исток продолжуваат со нови жестоки напади на израелската армија која соопшти дека уништила повеќе објекти на Хамас во Појасот Газа, како одговор на масовните гранични протести.

Израелските авиони нападнаа 11 „терористички цели“ во воен објект на Хамас, а тенковите уништиле уште два објекти.

Израелската армија соопшти дека демонстрантите вчера употребиле 10 експлозивни направи и молотови коктели, а и пукале врз војниците распоредени на границата.

– Немаше пробивање на граничната ограда иако голем број од демонстрантите се обидоа да влезат во Израел, се наведува во соопштението на израелската армија.

Во вчерашните протести организирани поради дислоцирањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим израелската армија уби 58 Палестинци, а најмалку 2.700 се повредени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ