Израел ја прогласи државата за национален дом на Евреите

Израелскиот парлемнт го усвои контроверзниот закон со кој државата се дефинира исклучиво како еврејска, и на тој начин повторно го разбесни арапското малцинство, чии права сега се маргинализираат…

  • Ова е злобен закон, црно знаме се вее над него“, рече Ајман Одех, претседател на Арапската Заедничка Листа.

Законот вели дека во националната држава евреите имаат единствено право на само-определување, а статусот на арапскиот јазик е симнат од официјален на специјален, и за единствен јазик се признава само еврејскиот.

Според израелскиот премиер законот е дефинирачки момент во историјата на ционизмот, и објасни зошто е усвоен.

  • Повторувам, ова е наша држава. Еврејска држава. Но, во последно време има луѓе кои сакаат да ги дестабилизираат основите на нашето постоење и нашите права. Затоа, денеска го усвоивме законот. Ова е наша земја, наш јазик, наша химна и наше знаме. Да живее Израел“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Противниците на законот, сметаат дека на Палестинците, кои сочинуваат 20% или девет милиони од вкупната популација, сега и со закон им е потврдено дека се граѓани од втор ред, иако со години се соочуваат со дискриминаторски однос во секоја пора од израелското општество.

  • Овој закон воспоставува систем на апртхејт против палестинскиот народ, и имплементира политика на етничко чистење со цел да се избркаат Палестинците, посебно во делот дека земјата е еврејска и ги анулира историските факти за постоењето на Палестинците во оваа земја“, сметаат од  Организација на Палестинско ослободување

Законот не беше одобрен и од дел од членовите на владејачката партија Ликуд, кои предупредија на зголеменото непочитување на човековите права. Незадоволни се и американските еврејски организации и потсетуваат дека основачите на Израел ја градеа земјата која е и еврејска и демократска. Законот е дефиниран како „основен“ што му дава речиси уставен статус, но сепак ќе се соочи со одлуката на Врховниот суд.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ