Изгласана новата словачка Влада

Со 81 глас „за“, 150-члениот словачки Парламент синоќа ја изгласа новата Влада на чело со премиерот Петер Пелегрини.

Новата Влада беше формирана еден месец по убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка, што предизвика масовни протести и предизвика оставка на премиерот Роберт Фицо.

Фицо, кој од последните 12 години –  во 10 беше беше премиер, се повлече овој месец по протестите во земјата и повиците на нови избори, а владејачката позиција му ја предаде на Пелегрини, долгогодишен функционер на владејачката партија Смер.

Новиот Кабинет ја презеде агендата од претходниот премиер, вклучувајќи ги и плановите за постигнување избалансиран буџет до 2020 година.

Сменети се шест членови на Владата, а доведени се само двајца нови кои претходно не биле на никаква позиција во владата.

Пелегрини вети дека Словачка ќе остане на проевропскиот и НАТО пат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ