Изборот на деморкатскиот претседателски кандидат започна со комичен неуспех

Илјадници гласачи на Демократската партија вчера ги наполнија гласачките места во 1.600 училишта, библиотеки и цркви во Ајова, да ја дадат својата подржка за кандидатот кој ќе се соочи со Доналд Трамп во ноември. Гласањето заврши но резултатите не стигнаа. Оганизаторите, Демократската партија во Ајова, пријави технички проблеми со софтверот за пребројување на гласовите.

  • Воопшто не сум изненаден. Мислам испробуваат нов доставувач со нова технологија. Јас работам со технологија, знаев дека ова ќе се случи.“

Во отсуство на официјалните резултати, Пит Бутиџиџ, еден од демократските кандидати, побрза да прогласи победа, комплетирајќи го хаосот во Ајова.

  • Иако не ги знаеме целосните резултати, знаеме дека кога се ќе биде завршено, Ајова, вие ја шокиравте нацијата. Затоа што според сите показатели одиме во Њу Хемпшир како победници.“

Американските медиуми веднаш побрзаа да го истакнат овој комичен почеток на изборот за демократите и сојузната држава Ајова, која се гордее со својот статус на прва држава од каде почнува изборот и првиот филтер на претседателските кандидати.

  • Видовме како повеќето од тимовите се обидуваат да ја свртат вечерта во нивна полза. Пит Бутиџиџ излезе и се прогласи за победник, што беше прилично смешно затоа што немаше резултати на кои да го базира тврдењето. Другите тимови почнаа со објавувањето на сопствени резултати.“

Апликацијата специјално креирана за испраќање на резултатите во централата на Демократската партија откажала, исто така паднала и резервната варијанта со телефонско пријавување, поради преоптоварување на линиите. Но тоа не ги спречи кандидатите и за разлика од Бутиџиџ, кој почна прв, и другите се обидоа да профитираат во конфузијата, иако внимателно избирајќи ги зборовите.

  • Дозволете ми да започнам со тоа што ќе ви кажам дека имам силно чуство дека резултатите ќе бидат објавени. И кога ќе бидат објавени претчуствувам дека ќе бидат многу, многу добри за нас.“

Републиканците не ја пропуштија шансата да се подбиваат со своите политички опоненти. Бред Парксал шефот на кампањата на Трамп ја нарече најголемата изборна катастрофа во историјата.

Изборите следната недела се селат во Њу Хемпшир, потоа Невада и Јужна Каролина пред кајот на февруари. На 3 март гласаат дури 15 држави а изборот завршува со деморкатската конвенција во Милвоки, Висконсин во јули, каде треба да биде објавен демократскиот кандидат за претседателските избори.

 

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ