
Избори во БИХ – Иднина или приказни од минатото?!
Македонија не е единствената земја фатена во костец помеѓу Истокот и Западот, европските вредности и балканските византизми, помеѓу апатијата на граѓаните и клиентелизмот на партиите.
Викендов сличните дилеми и проблеми ќе дојдат до израз во Босна и Херцеговина, или комплицираната политичка федерација која ќе гласа на 8 –те општи избори во оваа земја.
Ќе се гласа за членовите на претседателоство на БИХ, претставниците на парламентарниот состав на државното Собрание, претставниците на парламентот на Федерацијата на БИХ, претседателот на Република Српска, и двата ентитетски потпретседатели, претставниците на на народното собрание на РС, за преставниците на Собранието на 10 кантони во федерациајта на БИХ.
На гласање ќе излезат околу 3,3 милиони гласачи, во услови кога излесноста со секој нареден циклус драстично се намалува, кога државната изборна комија е прогласена за контаминирана или политички компромитирана, и се стравува од бројни изборни нерегуларности. Но, тоа што највеќе доминира во Босна е изборната кампања базирана на омраза и неверојатни верувања, додека кај народот владее општа резигнација.
„Се додека националистичките партии се на власт, не гледам некој посебен напредок. Зошто тоа е една слепа улица, „dead end“, што би рекла Енглезите. Тоа не може да функционира зошто работат против сопствената држава“.
„Политичарите како и сите избори се разбира ветуваат, а не го исполнуваат ветеното. Народот стана летаргичен, на народот му е преку глава од се, затоа имаме и мала излезност на изборите“.
„Системот, се е труло. Ова треба од темел да се промени. Нови луѓе да се донесат, да се уклучи младината. Тоа е“.
Недостатокот на веродостојни анкети го прави непредвидлив конечниот резултат на изборите.
Босна се прашува дали може да изроди босански Заев, или барем некој што посуштински би се определил кон евроатлатската и мултетничката иднина на земјата. Но, најголем дел од лидерите, почнувајки од лидерот на Република Српска, Милорад Додик до премиерката Жељка Цвијановиќ кокетираат со Русија. Прекројувањето на границите и воените хушкања и понатаму доминираат во политичките расправи. Опозицијата на Додик е слаба и кокетира со лидерот. А истото важи и за лидеорт на ХДЗ и членот на претседателството од редот на Хрватите, Драган Чович, кој е де факто политички сојузник на Додик и која се залага за договор меѓу Србите и Хрватите без Бошнаците. Единствениот кандидат кој буди некаква надеж е Денис Бечировиќ кој од Заев го позајмува концептот – Едно општество за сите.
„Мислам дека повикувањето на војна, или повикувањето на конфликт, или едноставно запслашувањето на луѓето и така држејки ги луѓето потчинети, е една од главните политички стратегии, и за во иднина“.
Најголем проблем за Босна остануваат етнички или национално поделените партии. Со општата апатија која владее во земјата поради раширениот криминал, корупција и клиентелизам, тешко дека ќе дозволи на избори да излезе и половина од електоратот.
Но, ретко кој верува во дека може да се очекува промена или изненадување на овие избори.
Освен можеби едно мало село под име Подгора, кое одлучи повеќе да прима посети од политичари.
Но, знаеме, за промени не е доволен отпорот на граѓаните, потребни се и реформите на политичарите.
Ивор Мицковски