Избори Хонг Конг: Излезноста е рекордна но, има и демонстранти кои останаа заробени во универзитетскиот кампус

Рекорден број на гласачи излегоа денеска на локалните избори во Хонг Конг на кои граѓаните одлучуваат дали ќе им ја дадат поддршката на демонстрантите или на владата.

Анализите велат дека продемократскиот штаб веројатно ќе успее да заземе неколку места од своите ривали, иако можеби нема да биде во состојба да ја прекине доминацијата на Пекинг во советите. Доколку пак се задржи статус кво ситуација, протестите може да бидат уште посилни.

Ако опозицијата имаше одредена предност пред ескалацијата на насилствата сега по нападите врз кандидатите и блокадата на сообраќајот постои неизвесност за изборниот резултат кој би можел да биде 50-50.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, изјави дека се надева дека изборите ќе се спроведат на правичен и безбеден начин.

  • Соочени сме со екстремно вонредна ситуација при организирањето на овие избори. Но со задоволство можам да кажам дека преку исклучителните напори на сите партии, вклучувајќи ги и 30.000 државни службеници кои во ооделни ресори работат денеска, треба да имаме релативно мирна и смирена атмосфера за успешно спроведување на овие избори, изјави Кери Лам.

Продемократскиот активист кој неколкукратно беше апсен ја повика меѓународната јавност да ги стави овие избори во Хонг Конг во центарот на своето внимание, бидејќи со апсењата само се засилува решенетоста да се продолжи со протести.

  • Одзивот на изборите ја изразува нашата волја за слобода и демократија. Време е да се запре хуманитарната криза во Хонг Конг. Со спроведувањето на масовните апсења, успасени се повеќе од 5.000 луѓе, испалени се повеќе од 10.000 цистерни со солзавец, во овој начин на разбивање уште повеќе ја зацврстуваат нашата решеност да продолжиме со борбата. Без оглед на нашето протестно гласање или протест на улица, тоа е важно за иднината на Хонг Конг. А јас ја повикувам меѓународната заедница, тие мора да се сконцентрираат, да го свртат вниманието кон изборите во Хонг Конг, вели Џошуа Вонг, продемократски активист.

Граѓаните очекуваат промени кои се најважни за генерациите кои доаѓаат.

  • Оваа година има повеќе гласачи за разлика од предходната година. Слушнав дека е урнат рекордот на излезени гласачи уште во 8:30. Да најверојатно тоа е резултат на неодамнешните општествени движења кои натераа поголем број луѓе да излезат на гласање, изјави Ричард Вонг, жител на Хонг Конг.
  • Ни е сме постара генерација треба нешто да направиве за помладите, изјави Кристина Ли, жител на Хонг Конг.
  • Многу е важно да ја имаме в предвид иднината на нашите помлади генерации, Тоа е многу важно, смета Џеки Ли, жител на Хонг Конг.

Но мал број токму од младите демонстранти останаа под опсада на Хонгконгшкиот универзитет којшто веќе осми ден е блокиран. Обиколени до смет и ѕидови испишани со графити демонстрантите не го напуштаат кампусот од страв да не бидат уапсени.

  • Ова е осми ден од нашето заробеништво. Се цувствувам многу бесен и вознемирен од фактот што моето лично право за гласање е повредено, не ми овозможено, не можам да го искористам правото на глас и изразување на мојата активност последните месеци, изјави Рон, демонстрант.

Според сегашниот изборен систем, жителите можат да избираат 94 отсто од местата во окружниот совет и половина во градскиот парламент.

Лидерот на градот може да биде номиниран и избран само од страна на комитет што има 1.200 членови, главно од прокинеската елита во градот.

Опозицијата се обидува да ја натера кинеската Влада да ја почитува целосната демократија за која вели дека им е ветена со Основниот закон, или мини Уставот на градот, што на жителите им дава право сами да го изберат својот лидер. Тоа е всушност едно од петте главни барања на демонстрантите и една од причините за претходните продемократски протести во 2014 година.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ