Италија во паника, една четвртина од лекарите заразени со КОВИД 19

Со повеќе од 1,8 милијарди луѓе во изолација, над 16.500 смртни случаи и здравствени системи на неколку земји што се на раб на колапс, пандемијата Ковид-19“ продолжува да се забрзува и сее паника низ целиот свет.

Но, и покрај тоа што пандемијата се „забрзува“, нејзиниот тек може да се измени, соопшти Светската здравствена организација, и ги повика дражвите да продолжуваат со тестирања на сите луѓе, и оние во карантин и тие кои биле во контакт со нив.

Европа останува најголемото жариште. Поразителни вести стасуваат од Италија и Шпанија земји кои полека ги губат лекарските капацитети. Без маски и ракавици, една четвртина од италијанските докторите полека преминаа во делот за болните. Земјата е во паника, а празнината се пополнува со пензионираните лекари.

И во Шпанија ситуацијата не е добра, над 4, 000 здравствени работници се заразиле со корона со речиси 40 илајди заболени, и 2.700 починати. Докторите не можат секаде да стасаат, па се истражува вистинитоста на медиумските пишувања дека шпанските војници помагале во старечките домови каде пронаоѓале заболени кои биле напуштени или починати. Лизгалиштето во Мадрид е претворено во мртовечница.

Велика Британија, до вчера го игнорираше вирусот. Но, рапидниот пораст на починати, и тука ги принуди властите  да воведат рестриктивните мерки за забрана за движење, најмалку три недели. Надеж даваат оние кои ја надминале болеста.

  • Наликува на многу, многу лоша доза на грип, да кажам наједноставно. Кај мене беше многу тешко три дена. Сама се лечев со парацетамол, течности, време, и на крај со пилешка супа, да бидам искрена. Но, ништо повеќе од тоа. Не ми снема здив, објаснува доктор Клер Џерда. 

Америка веројатно е следниот епицентар. Тука бројот на заболени и починати се очекува да ескалира. Најпогоден е ЊуЈорк со над 5000 нови заразени, а тамошните служби и здравствени установи се борат со недостиг со потрбни материјали. Тука веќе е дозволено лечење со Хидро-кси-хлороин и азитромицин. Хидроксихлоринот е всушност течен хлор, и тој бил фатален за еден маж кој се лечел од корона вирусот, а неговата сопруга е во критична состојба.

Светот синоќа го доби и нјастратио пациент излечен од визрусот. 92-годишната американка ја победи заразата со што ја подгреа надежтта дека и возрасните граѓани можат да се изборат со болеста.

 

Алиса Шутиноска

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ