
Италија бележи скок во бројот на жртвите – 474 жртви за еден ден
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени речиси 3.444.000 луѓе, од нив починале 242.200, а оздравеле повеќе од 1.100.000 луѓе.
Голем скок во бројот на жртвите од корона вирус пријави денеска Италија, односно 474 починати лица, така, вкупниот број на починати порасна на 28.710.
Бројот на починати драстично скокна денеска во однос на вчерашниот ден, кога беа забележани 269 смртни случаи.
Денешниот скок доаѓа по долго постепено опаѓање, а најмногу жртви се од Ломбардија, каде денеска се забележани речиси 330 смртни случаи, за разлика од вчерашните 88.
Меркел повика на глобално заедништво во борбата против Ковид-19. Мултилатералната глобална акција може да ни помогне да ја надминеме оваа пандемија, рече германската канцеларка, која нагласи дека вирусот треба да биде поразен со развивање вакцина. На иста линија е и претседателката на ЕК Фон дер Лајен која изјави дека бара милијарди евра за вакцина против Ковид-19, но на ЕУ и е потребен Маршалов план. На донаторска конференција в понеделник ЕУ ќе се обиде соберат 7,5 милијарди евра.
Секој може да се разболи од вирусот и затоа имаме задача да делуваме заеднички ширум светот. Оттука тоа не е само прилика за заедничко делување, туку би рекла тоа е неопходно. И Германија се соочува со оваа одговорност и затоа ќе обезбедиме вакцина за секого, кога ќе биде откриена, да биде достапна за сите луѓе, вели Ангела Меркел, канцеларка на Германија.
Германија регистрираше 164.000 заболени од Ковид-19, но има околу 6.700 мртви.
Во САД се пријавени повеќе од 65.000 смртни случаи поврзани со ковид 19, но некои експерти стравуваат дека бројот е многу поголем. Иастражувањата покажуваат дека 9.000 од смртните случаи се препишуваат на корона вирусот. И покарј тоа САД имаат најголем број на смртни случаи на светот, но помал број во однос на глава по жител жител во некои европски земји. Американскиот претседател Трамп изрази надеж дека вкупниот број на смртни случаи во САД од коронавирус нема да биде поголем од 100.000 лица.
Размислуваме во поглед на 1,5 милиони изгубени животи до 2,2 без намалување. И се надеваме дека ќе стигнеме под тие 100.000 изгубени животи, што е застрашувачка бројка. Сепак, тоа е ужасна работа. Можеше да се запре, рече Трамп.
Според некои западни медиуми, бројките на Трамп често се поголеми од реалните проценки со цел да ги оправда рестриктивните мерки воведени од неговата администрација, пред се одлуката за забрана за патувања од Кина во САД.
После осум недели големиот број на австриски продавници, освен рестораните и хотелите денеска повторно започнаа со работа. Во оваа фризерница следниот месец е веќе целосно резервиран, нема слободен термин, сопственикот е задоволен.
Многу сме среќни што ни овозможено повторно да отвориме. Ова беше долго и тешко време, вели Бернхард Пласил-Осиг, менаџер на фризерског салон.
И покрај полибералните мерки, постои стравување од нов бран на инфекцијата на есен. Досега во Австрија има 15.500 случаи на заразени од Ковид-19 и околу 590 смртни случаи.
Билјана Ставрова