Истрагата на британската полиција треба да покаже дали сопственикот на Лестер Сити загина во хеликоптерска несреќа

Сопственикот на Лестер Сити, Вишај Шриваданапраба бил во хеликоптерот кој се урна во близина на стадионот “Кинг Пауер“ синоќа во половина час по 21 часот.

За Би-Би-Си извори блиски на семејството потврдиле дека тој бил во леталото, кое се урна непосредно по полетувањето и веднаш се запали, откако Вишај го напуштил натпреварот на Премиер Лигата.

Бројни се шпекулациите кој уште се наоѓал во хеликоптерот, а агенцијата Ројтерс пренесе дека освен газдата на клубот, била и неговата ќерка, двајца пилоти и уште едно неидентификувано лице.

Британските медиуми јавуваат дека е отворена истрага која треба да ги открие сите детали – кој се наоѓал во хеликоптерот и која била причината за падот.

Некои портали шпекулираа дека внатре бил тренерот Клод Пуело, но тоа не е потврдено.

Сведоците велат дека по падот на хеликокптерот стадионот се испразнил и дека виделе оган по уривањето. Бројни граѓани и навивачи ожалостени денеска ставаа цвеќина на влезот во стадионот и пораки со благодарност до Вишај.

  • Бевме во бар отспроти Кинг Пауер, имаше многу противпожарни екипи, кога излеговме, внук ми трчаше по улицата, беше во целосен шок, рече дека го видел хеликоптерот како се врти без контрола, паднал и се запалил, беше многу вознемирен. Сите мислевме на сопственикот и она што тој го направи за нас, ова се страшни вести, вели очевидец.
  • Јас бев во улицата погоре каде пред две години навивачите славеа и скокаа горе-долу, сосема средени, а што правеа вечерва, возрасни мажи се во солзи, многу страшно, вели очевидец.

Во меѓувреме на Твитер се огласи и клубот Лестер, дека кога ќе бидат потврдени информациите за инцидентот ќе излезат со детално соопштение.

Вишај Шриваданапраба го купи Лестерн во 2010 година. Четири години подоцна клубот се врати во Премиер лигата за во сезоната 2015/16 да ја освои титулата првак на Англија.

Богатството на милионер од Тајланд се проценува на скоро пет милијарди долари. Тој е сопственик и на ланеноц дјути фришоп продавници „Кинг Пауер“ по што и стадионот го доби името.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ