
Историски смртоносен пожар во Калифорнија- 31 мртов, повеќе од 200 исчезнати
Ова е еден од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија, оценуваат локалните власти. Потврдени се 31 смртен случај, а по повеќе од 200 се трага. Само во Парадајс огнот проголта 6.700 домови.
Окружниот шериф, Кори Хони изјави дека дека од избувнувањето на пожарот во четвртокот па се до денес властите трагаат по уште 228 луѓе.
- Во моментов е потврдено дека се исчезнати 228 лица. Денеска се пронајдени останките на шест лица со што бројот на жртви се зголеми на 29. Останките кои денеска се пронајдени беа во Парадајс, од кои пет беа во домовите, а едно тело беше во возило, информираше Кори Хони, шеф на округот Бат Каунти.
Агенциите претходно објавија дека околу 250 000 луѓе добиле наредба за евакуација со цел да го избегнат пожарот. И семејствата очајно бараат повеќе од 100 луѓе кои исчезнаа во Парадајс град во северниот дел на Калифорнија, кој е целосно опустошен од оган за само неколку дена.
Препораките до граѓаните се да не останиуваат дома за да ги спасат куќите туку да се евакуираат.
- Не останувајте во вашите домови во бид да ги заштитте. Ве молиме оставете ни го тоа нам. Немојте да си го ризикувате животот. Ние сме во можност да одиме да ги заститиме вашите домови. Мораме да ги заштитме вашите животи и ќе го направиме тоа, Марк Лоренцен, шеф на пожарникарите во Вентура.
Таканаречните „ѓаволски ветрови“ и натаму разгоруваат два огромни, смртоносни пожара на спротивните краеви на Калифорнија.
- Ветрот Санта Ана повторно се активираше и ќе биде присутен на тоа подрачје следните денови, се надеваме, неговата сила ќе се намали во вторник навечер, Тони Имбренда, противпожарникарски оддел во Лос Анѓелес.
Поради засилениот ветар гувернерот на Калифорнија Џери Браун го повика претседателот Трамп да прогласи вонредна состојба, потег кој ќе ги активира сојузните фондови за интни интервенции. Но ден претходно Трамп се закани со намалување на средтсвата за Калифорнија, обвинувајќи ги пожарникарите за лошо раководење со шумите.
Билјана Ставрова