
Исламската држава ја презема целосната одговорност за нападот во Дагестан
Екстремистичката група Исламска држава ја презема целосната одговорност за престрелката која се случи во јужната руска република Дагестан, а во која загинаа пет луѓе.
Вчера, 22 годишен жител отвори оган кон луѓе кои биле на црковна служба во градот Кизпјар во напад во кој се убиени четири лица, а неколкумина се повредени, при што напаѓачот бил ликвидиран.
Според дел од медиумите, напаѓачот почнал да пука внатре во црквата, додека пак други информираат дека отворил оган излегувајќи од храмот. Меѓу повредените се и полицајци и припадници на Националната гарда.
Идентитетот на напаѓачот е утврден, а тој во него носел нож, патрони и ловечка пушка.