
Иселувањата во Битола ја преполовија и театарската публика
Емотивна приказна за мајка и дете кои бараат прибежиште откако војници го убиваат таткото, а тие се протерани од домот. „Дететот сонува“ е новата премиера на Народниот театар од Битола и прва претстава кај нас посветена на големата миграциска криза. Работена е според текст на израелскиот драмски пистаел Ханок Левин, а режисерот Итаи Дорон, ја поставува оваа пиеса на сцената во Битола со документаристички, речиси филмски пристап и современа естетика.
- Во светот што го гледаме околу нас, бегалската криза и луѓето што ги напуштаат своите домови, реакцијата на театарот е многу важна. Претставата содржи црн хумор кој го опишува чувството што значи да си понижен како човек на овој свет. Ова е прецизна, остра и радикална политичка сатира, вели Итаи Дорон од Израел.
Дел од претставата се игра меѓу публиката, поставена во средишниот дел од гледалиштето. Тетраската сала во Битола со 400 седишта се полни само за премиери, а иселеничкиот бран кој го зафати градот ја преполови и публиката, велат од битолскиот театар.
- Во Битола имаше бројка од 13 до 15 илјади луѓе кои виделе една претстава. Сега таа бројка се сведува на 6,7 до 8 илјади. Градот е преполовен, сите знаеме, тоа е проблем за кој некогаш сакаме, некогаш не сакаме да разговраме, но факт е дека бројот на жители на Битола, секојдневно опаѓа, вели Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.
Tеатарските работници велат, факт е дека битолчани масовно се иселеуваат, но треба да се најде начин да се привлечат оние што останале.
- Сведоци сме на тоа масовно иселување од нашиот град. Од друга страна, ние од театарските куќи, можеби треба поконкретно да се обраќаме на таргет групи што се останати во градот. На пример да се обратиме на младата публика, да ја едуцираме за по 5 години да биде тинејџерска публика, која активно ќе доаѓа во театар. Имаме голема таргет група од пензиноерска публика, вели Софија Ристевска, режисер во независната таеатарска куќа „Интимен театар“-Битола
Од Нардониот театар велат дека во вакви услови кога градот се празни, сепак се задоволни од посетеноста, а на секоја од 22 претстави одиграни во еден месец имаат просечно по 200 посетители во големата театарска сала во Битола.
Емилија Мисирлиевска