Инцидент во црногорскиот парламент при носењето на Закони за слобода на вероисповед

Инцидент во црногорскиот парламент поради гласањето на амандманите на опозицијата на предложените Закони за слобода на вероисповед за која опозициските пратеници сметаат дека е насочен против Српската православна црква.

Откако во Собранието на Црна Гора дошло до конфликт, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата.

Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза.

Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа веднаш по инцидентот. Пратеникот Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници се добро.

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека е длабоко потресен од актуелните случувања во Црна Гора по повод законот за слобода на вероисповедта или уверувањата и правната положба на верските заедници, објавено е денеска на сајтот на Српската православна црква (СПЦ).

СПЦ наведува дека патријархот ова го кажал во средата на средбата со новоименуваниот српски амбасадор во Црна Гора Владимир Божиновиќ. Тој додаде и дека „посветено се моли“ на Бога за мир и единство на црногорските државни органи и црковни великодостојници заради доброто на сите народи без разлика на вероисповедта и националната припадност на Црна Гора.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ