
Аница Добра: Филмот не може да го промени светот, но може поединците
Филмот не може да го менува светот, но тој може да ги промени поединците. За секоја промена доволно е еден човек да мечатае кој ќе ги поведе останатите вели српската актерка Аница Добра добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на фестивалот „КИНЕНОВА“. Три децении во српската и германската кинематографија со улоги во над 80 филмови меѓу кои легендарните „Како пропадна рокенролот“, „Црниот бомбардер“, „Балкан експрес“ како и големиот придонес во театарската уметност ја вбројува во највпечатливите појави на големото платно на балканските простори. Разговорот го водеше Нина Стефанова.