
Интер го декласираше Сасуоло
Нероазурите на домашен терен во рамките на 2.коло убедливо со 7:0 го совладаа Сасуоло.
Хет трик постигна Мауро Икарди, додека стрелци на другите четири голови беа Пабло Освалдо (два), Матео Ковачиќ и Фреди Гуарин.
На другите натпревари одиграни попладнево: Лацио – Чезена 3:0, Наполи – Киево 0:1, Фиорентина – Џенова 0:0, Каљари – Аталанта 1:2 и Сампдорија – Торино 2:0.
Вечерва во терминот од 20:45 часот играат Парма и Милан.
На вчера одиграните натпревари: Јувентус – Удинезе 2:0 и Емполи – Рома 0:1. Последниот натпревар од второто коло се игра утревечер меѓу Верона и Палермо. На врвот на табелата со максимални 6 бодови се Јувентус и Рома.