
Иницијатива за заштитени подрачја во слив на река Брегалница, регионална дебата, Штип (28.03.2018)
Источна Македонија изобилува со природни убавини но само 0,03% се заштитени. До 2020 година се предвидува да бидат заштитени 13.000 хектари. Градоначалниците од овој крај сметаат дека бенефит за целиот регион ќе има доколку се заштитат едно поголемо подрачје како Осогово и едно помало подрачје во Малешевијата. Но што ќе значи ова за жителите? За сточарите, за пасиштата, за оние кои егзистираат од полјоделсво?
Во Топ Тема на Ваша страна граѓаните и невладините организации дебатираат со панелистите: Јани Макрадули заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јурант Дика од министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Бојчовски од „Македонски шуми“, градоначалникот на Општина Кочани – Николчо Илијев и раководителката на центарот за регионален развој на Источен регион – Драгица Здравева.