
Имамоглу официјално прогласен за победник на изборите за градоначалник на Истанбул
17 денови по одржувањето на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Истанбул од редовите на опозициската Национална алијанса, Екрем Имамоглу официјално е прогласен за победник на изборите.
Провинцискиот изборен одбор денеска ќе му ја врачи потврдата откако беше одбиена жалбата за изборни нерегуларности од владејачката партија за правда и развој на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Имамоглу на изборите на 31 март освои 13.700 гласови повеќе од кандидатот на владејачката партија, поранешниот премиер на Турција, Бинали Јилдирим. Но прелиминарниот резултат веднаш беше оспорен од страна на владејачката партија, која прво побара пребројување на гласовите и повторно гласање во поголемиот дел избирачки места во Истанбул.