Илјадници контра демонстранти и се спротиставија на Алтернатива за Германија

Илјадници германци излегоа на контра протести во Берлин за да и се спротистават на Алтернатива за Германија која со националистички собир сака да испрати пораки против мигрантите и исламизацијата на земјата.

Популистичката партија со најавениот собир делуваше мобилизирачки за либералната јавност во Берлин и низ цела Германија. Затоа и одговорот на контра протестите е доста висок.

Анегрет Крамп Аненбауер, генералната секретарка на владејачката ЦДУ изрази загриженост дека дејствувањето на Алтернатива за Германија е закана за еврејскиот живот. АФД возврати на обвинувањата посочувајќи дека токму доселувањето на радикални исламисти во Германија се поголема закана за еврејското население.

Националистичкиот лидер Александар Гауланд во обраќање до симпатизерите побара да се отфрли власта на канцеларката Меркел и да се донесе слобода во Германија.

Во страв од можни судири меѓу демонстрантите од алтернативата и контра демонстрантите се распоредени силни полициски сили, како и кордони на повеќе локации во Берлин каде има помали собири. Засега е мирно без поголеми инциденти, а демонстрантите од Алтернативата продефилираа и со чамци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ