
Илјадници Британци на марш во Лондон
Илјадници Британци се собираат на марш во централен Лондон, со повик за нов референдум за Брегзит. Маршот ќе почне од парк Лејн до парламентот.
Маршот се случува по одлуката на европската унија да се согласи Брегзитот да биде одложен, за кусо време, а не како што првично беше планирано, Британија да излезе од унијата на 29-ти март.
Организаторите на денешниот марш, се надеваат дека според бројноста ќе го надминат до сега најголемиот собир на противниците на Брегзит, одржан лани во октомври, на кој присуствуваа околу 700 илјади луѓе.
Тие ангажираа над 200 автобуси од цела Велика Британија за превоз на учесниците на маршот во лондон. Во меѓу време, петицијата за отфрлање на брегзит, објавена на веб страницата на британскиот парламет, за само три дена ја потпишаа повеќе од четири милиони луѓе.
Член на либералите во парламентот, рече дека петицијата може да и даде кислород на кампањата за нов референдум за брегзит. Се очекува, на маршот да се обратат, шкотската премиерка никола стрџон и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.