
Иефимерида: Претставници од грчки „Актор“ вплеткани во руската шпионска мрежа
Грчкиот портал Иефимерида објавува дека има сомнежи како високи претставници на грчката компанија Актор се вплеткани во руската шпионска мрежа во Грција. Во Македонија, компанијата Актор е позната по изградбата на автопатската делница Смоквица- Демир Капија која беше пуштен во употреба оваа пролет. Весникот Иефимерида тврди дека додека трае борбата за превласт во компанијата Актор меѓу две спротивставени бизнис групи, е откриено дека еден од директорите Димитри Коутрас има блиски врски со руски финансиски фондови и со руски организации.
Информациите се обелоденуваат во време кога Грција протера двајца руски дипломати поради мешање во внатрешните работи и повикување на демонстрации против преспанскиот договор. Потоа следеа и македонските обвинувања дека бизнисменот Иван Савидис, руски политичар кој има бизнис во Грција потплатувал за да има насилни демонстрации и во Македонија.
Весникот Иефемерида се повикува на гршките безбедносни служби и тврди дека врската на Коутрас, менаџер и сопственик на дел од Актор имал директни врски со новоформираната грчка филијала на руската организација која се вика Кралска православно-палестинска унија. Грчкото седиште на таа организација е формирано пред две години во Солун, а на фотографиите на средбите се гледа и сопственикот на Актор, Коутрас.
Коутрас се обидувал да добие и повеќе зделки и кредити во Русија, планирајќи со тие пари заедно со неговиот партнер Леонидас Бобола да го преземе целиот Актор од своите противници во компанијата предводени од браќата Калицанцис. На тој начин руските пари би биле користени и во големи градежни зафати на Актор во инфраструктурата на Грција со што би влијаеле на креирањето на грчката политика, пишува Иефимедиа. Порталот тврди дека поради руското влијание врз Коутрас, американски финансики фонд одбил да влезе со кредит во Актор во кој има и голема битка за сопственоста на најголемата грчка градежна компанија.
Миомир Серафиновиќ