И во Словенија прв случај на корона вирус

Официјално е потврден првиот случај на лице заразено со новиот коронавирус во Словенија.

Ова информација прв ја објави премиерот во оставка Марјан Шарец, кој на социјалните мрежи објави дека коронавирусот се појави и во Словенија.

– Откриен е првиот случај на коронавирус кај нас.  – напиша Шарец.

Инаку, Словенија до синоќа беше една од ретките држави во регионот каде што немаше потврден случај на коронавирус.

На 48 часа се затвораат сите државни и приватни образовни институции и се откажуваат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи во три грчки региони (Ахаиа, Закинтос и Илиас) за да се избегне локално пренесување на коронавирусот, соопшти професорот Сотирис Циодрас кој е претставник за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција.

Одлуката е за денеска и утре, а доаѓа по последниот, деветти, потврден случај на коронавирусот во Грција, кај лице жител на еден од конкретните региони.

Министерството за здравство на Грција соопшти дека мажот, кој патувал во Израел и Египет е во стабилна состојба, но со сериозна пневмонија и внимателно го следи медицински тим од болницата во градот Патра.

Паралелно, се врши проверка на лицата со кои бил во контакт, како во Патра, така и во Амалиада, односно неговиот роден град.

Според грчките медиуми, станува збор за 66-годишен пензионер кој неодамна се вратил од патување во Израел и Египет каде што бил дел од групна тура со уште 52 други патници, кои се од различни градови, но од регионите за кои се донесени превентивните мерки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ