И културата во исчекување на одлуките од Комисијата за заразни болести

Вонредна состојба и вонредно функционирање на културата во време на корона. Сите фестивали, театарски претстави и концерти чекаат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата, па дури потоа да ја конципираат програмата, со една дилема што со средствата кои ги добиле за одредени проекти, но не се во можност да ги реализираат во дадениот рок. И Нациналната Филхармонија како и сите филхармонии во светот се соочува со дилемата што со програмата која беше предвидена за оваа сезона, што со средствата кои беа наменити за симфониските и камерни концерти во изминативе два месеца.

Дел од месец март, април мај гледаме да ги презакажеме за сезоната да почне порано оваа година во септември заради вонредните случувања . Независно од тоа колку од концертите ќе реализираме во месец септември од овој остаток од годината до јуни месец ќе се откажеме и од дел од средствата за симфониските концерти, вели Виктор Илиевски, директор на Филхармонија

За фестивалот Охридско лето кој годинава слави 60 години  јубилеј Ковид 19   ги стави во исчекување и организаторите и уметниците. Во чекор ќе ги решаме новонастанатите проблеми, смета директорката Поповиќ.

Во Министерството за култура се прават анализи и се чекаат препораките на Владата. Споделувајќи ги меѓународните искуства се бара начин во каква форма и во кои термини ќе бидат реализирани фестивалите во нашата земја.

Согласно законските прописи, средства се исплаќаат за реализирани проекти, а оние кои согласно потпишаните договори нема да се реализираат (напоменуваме дека станува збор за законска процедура која произлегува од нереализација на проект), средствата се враќаат во буџетот. Со оглед на настаната состојба се прават и анализи и за можните варијанти за реализација на проектите согласно мерките и препораките на Владата поврзани со состојбите предизвикани од коронавирусот, а се разгледува и можноста за продложување на рокот на реализација на проектите, се вели во дописот на Министерство за култура.

Согласно препораките на Светската здравствена организација и контактите со странските партнери за меѓународни фестивали и уметниците и публиката се во очекување нештата повторно да ве вратат во нормала. Културните мостови повторно да бидат наше секојдневие низ музичко сценската дејност.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ