
Хуманитарна интервенција на НАТО или само потврда на своето постоење?
Воена агресија или кампања, хуманитарна интервенција на НАТО или само потврда на своето постоење? И денеска 20 години по НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија нема согласно кај ниту една од страните за воената акција. Во истовреме се уште нема договор меѓу Србија и Косово, кои и денеска преговараат но сега во Брисел, откако политичкиот не- договор во Рамбује ги донесе бомбардерите над Србија.
Претседателот на тогашната сојузна влада на Југославија Момир Булатовиќ за радио белград вели – иако имавме сознајнија дека ќе дојде до агресија, мислевме дека НАТО има војничка чест и дека нема да напаѓа цивилни цели. Тој се сеќава на невозможните услови од претставниците на меѓународната заедница.
„Во Рамбује ни беше понуден политички договор кој нашата делегација го прифати, но албанската не, но таа хартија беше веднаш повлечена, по што беше донесен документ кој го напиша Медлин Олбрајт, кој ако го прифатите ќе дојде до НАТО окупација, а ако не го прифатите тогаш НАТО ќе ве нападне со намера да ве окупира“, објасни Булатовиќ.
Булатовиќ денеска вели ќе беше подобро да се прифати било што отколку тоа сурово бомбардирање.
– Ние не водиме војна, но сме повикани да пронајдеме мирно решение за Косово со воено оружје- ова се пак зборовите на германскиот канцелар Герхард Шредер на 24 март 1999 година, кој го објави учеството на Германија во воздушните напади над Југославија.
Интервенцијата на НАТО која траеше 78 дена беше прва оружана агресија во Европа врз една суверена држава после Втората светска војна, која започна со кршење на меѓународното право, односно без согланост од Советот за безбедност на Обединетите нации.
Началникот на Центарот за разузнавање во 1999 година Аврам Израел, денеска белграѓани го викаат „добар глас во зло време“. Тој во текот на 78-те дена бомбардирање одлучуваше за тоа дали и кога сигналот за тревога треба да биде вкључен. Денеска смета дека требало да биде построг и да инсистира луѓето да одат во засолништа но, целата ситуација ја спореди со хомеровиот еп Одисеја.
– Секако дека сега со оваа памет со ова искуство после 20 години навистина ми е жал зошто не бев подиректен, зошто не бев понаредбодавен, зошто повеќе не инсистирав за луѓето да одат во засолништата. Имавте ситуација како во Одисеја, преку ден, се правеше атмосфера да се оди во засолништата за да се поштедат човечките животи, бидејќи единствено тоа го имаме. Потоа, луѓето би се собирале на плоштадите, мостовите би пееле и би го расплеле она кое што Пенелопа го создаваше. Тоа беше момент кој не беше добар за граѓаните кој не ја покажуваше вистинската мерка на опасноста која и се закануваше на цела Србија, Аврам Израел, поранешен началник на Центарот за разузнавање.
Белград најмногу жртви имаше во зградата на РТС. Во бомбардирањето загинаа 2.500 луѓе претежно цивили. Околу 10.000 беа ранети, а материјалната штета се проценува на повеќе од 400 милијарди американски долари. Користено е забрането оружје, проектили со осиромашен ураниум, графитни и касетни бомби паѓаа врз инфраструктурата, врз цивилите. И после бомбардирањето со резолуција на ОН Косово и Метохија останаа под суверенитетот на СР Југославија. Косово прогласи независност во 2008, повеќе од 100 земји го признаа за држава.
За руското МНР агресијата на НАТО на Југославија ќе остане „црна дамка“ која засекогаш ќе ја следи алијансата. Бидејќи под прорпопаганден изговор за спречување на „хуманитарна катастрофа“ Косово „со сила е оттргнато од државата Србија“, а 200.000 жители од неалбанска националност беа приморани да ги напуштат домовите.
Српскиот политички врв избра земјата да биде воено неутрална, велат нема да станеме членка на НАТО сојузот макар да сме последната земја во Европа која не го направила тоа.
Денеска во Центарот на Белград гореа знамињата на НАТО и на ЕУ, српската радикална партија организираше протестен марш.
Билјана Ставрова