Хрватска размислува за намалување на работната недела на четири дена

Хрватскиот министер за труд Јосип Аладровиќ не ја исклучи можноста државата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на новиот коронавирус. Тој рече дека е најавена седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и Владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат можни заштеди.

„Потпишани се колективни договори, но очекувам претставниците на работниците да ја прифатат ситуацијат“а, изјави Аладровиќ, за РТЛ Данас.

Тој исто така најави дека работната недела може да се намали на четири дена.

„Во овој момент, ние се решивме за мерките што ги презентиравме минатата недела, но јас не би ја исклучил мерката за скратување на работната недела“, рече Аладровиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ