Хрватска одлучи кој ќе биде на чело на државата во следните пет години

Во Хрватска денеска се гласаше во вториот круг на претседателските избори. Според првичните излезни анкети води социјалдемократот Зоран Милановиќ со 53,25% освоени гласови, додека актуелната претседателка и кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар Китаровиќ, освои 46,75% од гласовите.

Излезноста во овој круг беше за двапати повисока од првиот круг. Според аналитичарите, освоените гласови на Милановиќ се недостижни за Грабар Китаровиќ. Сепак велат дека треба да се почекаат официјалните резултати од ДИК.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ