Хрватска и со вториот состав посилна од Чешка

Со голот на Лука Степанчиќ на само три секунди пред крајот, вториот состав на хрватската репрезентација стигна до шестата последователна победа со што ја зацврстија својата позиција на чело на првата група.

Со веќе обезбедениот пласман во полуфиналето со драматичната победа над Германија, селекторот Лино Червар одлучи да ги одмори главните играчи, но и покрај тоа хрватската клупа беше способна да ги совлада Чесите со 22:21.

Чешка го имаше расположениот Томас Мрква на голот, но неговите 12 одбрани од 34 удари не беа доволни. Кај Хрватите Марко Мамич беше најдобар стрелец со 5 голови, додека победничкиот гол на Лука Степанчиќ беше најбрзиот постигнат до сега со 137 километри на час.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ