Холандија е делумно одговорна за масакрот во Сребреница

Холандија е прогласена за делумно одговорна за масакрот во Сребреница, одлуката на Врховниот суд е донесена само една недела по погребот на ново откриените останките на дел од жртвите во масакрот во Сребреница. Геноцидот беше извршен за време на конфликтот во 1995 година. Судот соопшти дека холандските мировници како дел од мисијата на ОН ги евакуирале мажите од воената база во близина на Сребреница на 13 јули, 1995 година и покрај тоа што знаеле дека “биле во сериозна опасност да бидат малтретирани и убиени” од страна на силите на босанските Срби. „Холандските мировници дејствуваа незаконски во евакуацијата на 350 мажи и со тоа ја одземаа можноста мажите да останат надвор од рацете на босанските Срби”, објави судот.

-Холандскиот батаљон на мажите бегалци им ја скратил можноста да не им бидат на дофат на босанските Срби. Како што одлучи жалбениот суд, тоа било погрешно бидејќи во тој момент холандскиот батаљон знаел дека мажите бегалци се сериозно загрозени, мачени и убиени и дека требало да се направи се што е можно за тоа да се спречи, истакна Кес Стрефкерс, претседател на Врховниот суд во Холандија.

Пресудата следи по долготрајната правна битка на група роднини, познати како “Мајки на Сребреница”, кои бараа одговорност од холандската влада за смртта на членовите на нивните семејства. Сега имаат можност да бараат и отштата од Холадската влада.

-Одговорноста на државата е лимитирана на 10 проценти отштета која ја претрпеле преживеаните роднини на овие 350 мажи бегалци. Овие роднини можат да бараат надокнада од државата, рече Кес Стрефкерс, претседател на Врховниот суд во Холандија.

Организацијата “Мајки на Сребреница” е незадоволна од пресудата, велата Холандија е одговорна за целиот масакр, бидејќи Сребреница била заштитена зона од страна на ОН. Најавуваат дека ќе поднесат нова тужба и веќе пронашле адвокат во Америка.

На 24 годишнината од масакрот во Сребреница, најмасовно убиство во Евроа по Втората Светска војна илјадници роднини ги погребаа останките на на своите најмили. Голем број од останките се пронајдени во масовни гробници близу Сребреница, но повеќе од 1.000 и понатаму се сметаат за исчезнати.

– Мојот брат се викаше Суљуќ Адил еве денеска на последниот ден од неговата смрт во 1995, отсега посмртните останки ќе се наоѓаат во земјата. Што најдов од неговите посмртни остатоци тоа е само една шака и неговата облека, неговиот саат, неговиот чевел и неговата тренерка. Жалосно е, тажно е, болно е. Го барав 24 години најдов негова коска овде сега имам мир јас и неговото семејство, неговите деца, мојата сестра, сведочи Нура Беговиќ.

Иако масовните убиства се прогласени за геноцид од страна на меѓунардните судови, српските и босанските државници се уште одбиваат тоа да го сторат.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ