
Хашим Тачи незадоволен од извештајот на ЕК
Косовскиот претседател, Хашим Тачи кој е во посета на САД изрази незадоволство од вчера објавениот извештај на Европската комисија.
На неговиот профил на Фејсбук тој напиша дека поради политички причини, документот не успеал да ја прикаже перспективата за членство за сите земји од регионот.
Косово, според Тачи, оставено е назад.
– Извештајот за стратегијата за проширување со земјите од Западен Балкан објавен од ЕК не успеа да приближи јаснотија за членство на Косово во ЕУ и Косово се соочи со неправда. Земјите ќе го исполнат она што го бара ЕУ, унапредувајќи ја својата позиција, напиша Тачи.
Според него, неправедниот пристап кон Косово е последица на непризнавањето од пет земји-членки на ЕУ, односно неспособноста на ЕУ за единствен став кон Косово. Но, додава тој, Косово нема да потоне во очај.