Хашим тачи ја откажа посетата на Вашингтон

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го извести претставникот на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, дека го откажал своето патување во Вашингтон, по објавувањето на обвинението од Специјалниот суд за Косово.

„Ја почитувам неговата одлука да не присуствува на разговорите додека не се решат правните прашања поврзани со овие обвиненија“, рече Ричард Гренел на Твитер.

Во друг пост на Твитер, Гренел изјави дека ги очекува разговорите што ќе се одржат во сабота меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ