Хаос во северно Косово – уапсени 13 Срби од полицијата во Зубин Поток, медиумите јавуваат за истрели и ранети

Припадник на косовската полиција е ранет во акцијата на специјалните полициски единици РОСУ во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јавија косовските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Официјална потврда на оваа информација за сега се уште нема. Српска ТВ Прва јавува дека ситуацијата во општината Зубин Поток наликува на воена состојба, насекаде има возила на косовските специјалци, се слушаат истрели од огнено оружје и има ранети.

Припадниците на косовските специјалци РОСУ, кои утринава ја започнаа акцијата на апсења во северниот дел од Косово, во општините во кои Србите се мнозинко население, во моментов патролираат во голем број во селото Вараге. Српските медиумите пренесуваат дека локалните жители се забарикадирани во своите куќи а дел од нив побегнале и во блиската шума.

Се пренесува и дека во селото Вараге уништени се голем трите блокади кои локалните жители ги поставиле на патот на оклопните транспортери и косовските специјалци кои, според засега непотврдени информации, пукаат со огнено оружје и употребуваат шок бомби.

Специјалните единици на косовската полиција, РОСУ, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност..

До 8:30 часот утрово косовските специјални сили уапсиле 13 срби, припадници на косовската полиција на север во Косово, јави танјуг.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека специјалните сили утринава спровеле операција за апсење во општините во северниот дел на Косово и, нагласи дека тоа е „операција против шверц и организиран криминал”.

„Потврдувам дека таа операција е насочена против организираниот криминал, и цел се полициски и царински службеници. ги повикувам граѓаните да останат мирни”, објави Харадинај на твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди пред 11 дена дека властите во Приштина се подготвуваат да уапсат Срби од косовската полиција и истакна дека приштина ќе ја правда таа акција, наводно, со борбата против криминалот. Вучиќ утрово нареди и целосна борбена готовноста на војската на Србија.

Претходно, и министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ