Хан: Правно-обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е неопходен и клучен за регионот

Европскиот комесар Јоханес Хан за шпанскиот весник „Ел Паис“ изјави дека се надева оти постигнувањето правно обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина ќе доведе до тоа петте земји-членки на ЕУ кои не го признаа Косово, да ја преразгледаат нивната одлука.

Заедничката позиција за Балканот во рамките на ЕУ е таква што ние или извезуваме стабилност или увезуваме нестабилност. Искуството покажа дека мирот и стабилноста на Балканот може да се постигне само преку европска перспектива, нагласува Хан.

Тој смета дека правно-обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е неопходен, дури и клучен за регионот.

Одговарајќи на прашањето за ставот на Шпанија кон Косово, Хан истакна дека Шпанија придонесува за стабилноста на регионот.

Имаме стратешки договори со Косово. Треба да дозволиме Косово и Србија да постигнат договор, и ако се постигне, ќе видиме кои се следните чекори,  вели Хан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ