Хамас и Израел договорија примирје

Палестинската сунитско исламистичка политичка партија „Хамас“ и Израел се согласија за прекин на огнот, соопшти портпаролот на радикалната палестинска група, која го контролира Појасот Газа.

„Со напорите на Египет и на Обединетите нации, договорено е враќање во ерата на мир меѓу Израел и палестинските фракции“, изјави портпаролот Фауси Бархум.

Вчера, вооружени Палестинци убија еден израелски војник на границата меѓу Газа и Израел, а Израел изведе десетици воздушни напади по должината на Појасот, при што загинаа четворица Палестинци, од кои тројца борци на Хамас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ