Гутереш: Светот треба да направи нов обид за да се ослободи од нуклеарното оружје

Светот треба да направи нов обид да се ослободи од нуклеарното оружје, иако многу држави погрешно мислат дека тоа го прави светот побезбеден, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на форум во Женева.

Во говор на Конференција за разоружување во Палатата на нациите во Женева, Гутереш изјави дека си поставил за цел да даде поттик за разоружување на светот.

Тој изрази жалење затоа што денес светската трговија со оружје цвета, повеќе од кога и да било по Студената војна. Гутереш додаде дека му наложил својот специјален претставник за разоружување, јапонскиот дипломат Иѕуми Накамицу, да организира консултации со учество на земјите членки на ОН за борба против оваа појава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ